3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНИЦЕФ и ЕУ во партнерство со граѓанските организации за спречување на насилството...

УНИЦЕФ и ЕУ во партнерство со граѓанските организации за спречување на насилството врз децата и промовирање на вклучувањето на деца со попреченост

unicef-droits-de-lenfant

Претставници на граѓанските организации и владините партнери се состанаа да разговараат за координација на работата меѓу партнерите кои го спроведуваат проектот „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост“ финансиран од Европската унија (ЕУ), а кофинансиран и имплементиран од Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ).

„Насилството врз децата и натаму е широко распространето“, рече др Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ и додаде дека „Децата со попреченост имаат четирипати поголеми шанси да доживеат насилство. Многу од нив се „невидливи“ – не се вклучени во никакви официјални податоци и услуги, и најверојатно, се чуваат надвор од училиштето и надвор од очите на јавноста“.

Проектот ќе се спроведува до декември 2018 година, како дел од регионалното партнерство меѓу Европската унија и УНИЦЕФ за промовирање на почитувањето на човековите права и поголема ефективност на јавните служби и нивна инклузија на ранливите групи – децата-жртви на насилство и децата со попреченост – преку јакнење на граѓанскиот сектор и унапредување на соработката во земјите од Западен Балкан и Турција.

„Заедно со УНИЦЕФ и со Европскиот форум за попреченост, со овој проект започнуваме иновативен метод на заедничка работа со меѓународните организации и граѓанскиот сектор. Влегуваме во партнерство со граѓанските организации затоа што ги признаваме нивното искуство и знаења, како и важноста на нивната улога на терен при досегањето до ранливите семејства и деца“, рече Никола Бертолини, раководител на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската унија.

Проектот обезбеудва поддршка на владите за подобрување на примарното и секундарното законодавство и за воспоставување услуги на мултисекторски одговор за решавање на правните, медицинските, психолошките, образовните и социјалните потреби на децата-жртви на насилство и злоупотреба. Градењето капацитети на државните институции и на граѓанскиот сектор за собирање податоци, следење и известување околу проблеми со правата на децата, како и активности за подигање на свеста, исто така, се дел од проектот.

На работилницата беа презентирани активностите на граѓанските организации ангажирани да водат различни сегменти од проектот, по што следеше дискусија и обука за конкретните аспекти на партнерството, вклучувајќи и следење на активностите, известување за резултатите, видливост и комуникација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП