3 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија очекува 1 илјада милијарди рубљи од приватизацијата во 2017-2019-та

Русија очекува 1 илјада милијарди рубљи од приватизацијата во 2017-2019-та

article3000

1 илјади милијарди рубљи (над 15,7 милијарди долари) очекува рускиот министер за економски развој Алексеј Улјкајев од приватизацијата на државниот имот во периодот 2017-2019-та година.

Во интервју за „Ројтерс“ тој вели дека владата планира и продажба на удел од железничката компанијата „РЖД“ на приватен пензиски фонд.

Улјкајев ги коментира и плановите на „Роснефт“ да го откупи назад својот удел од 19,5% од холдинг компанија „Роснефтгаз“ како „транзитна операција“. Целта е да бидат увезени пари во буџетот за оваа година, а подоцна уделот ќе биде продаден на „реални инвеститори“.

Претходно руското издание „Ведомости“ соопшти, повикувајќи се на свои извори дека рускиот претседател Владимир Путин и предложил на „Лукоил“ да учествува во приватизацијата на „Роснефт“. „Лукоил“ имаше интерес за „Башнефт“, но „Роснефт“ ја претекна, додава весникот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одби да ги коментира информациите на „Ведомости“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП