9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕко-свест: Државата ќе го рестартира Т.Ц. Осломеј без да ја информира јавноста

Еко-свест: Државата ќе го рестартира Т.Ц. Осломеј без да ја информира јавноста

ekosvest33

И покрај преземените обврски на Македонија како потписник на Парискиот договор, со кој се обврзува да ја намали употребата на фосилни горива, земјата и натаму планира да користи домашен лигнит, кој што е со лош квалитет, соопшти во среда Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје.

Според Еко свест, кон крајот на септември се случила јавна расправа за Студијата за оценка на влијанието на модернизацијата и рестартирањето на Т.Ц. Осломеј врз здравјето на луѓето, а за што јавноста не била информирана.

Тие информираат дека испратиле допис до надлежните институции, заради избегнување на вклучување на јавноста при носењето одлуки поврзани со термоелектраните што работат на лигнит, а што и нив ги засегаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП