18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар се гуши во ѓубре, надлежните си ја префрлаат топката

Општина Центар се гуши во ѓубре, надлежните си ја префрлаат топката

image-21

Преполни контејнери за ѓубре, некои превртени, некои оштетени, а околу нив полно смет, е речиси редовна слика во Општина Центар, во Скопје, на која се жалат граѓаните.

Ова прашање беше покренато на седницата за советнички прашања, при што беше констатирано дека граѓаните реагираат на сметот и нехигиената околу контејнерите во општина Центар.

Градоначалникот на општина Центар потенцираше дека контејнерите се во надлежност на град Скопје и дека и тој е гневен на колегите од Град Скопје, бидејќи и покрај многуте апели и барања до градоначалникот Коце Трајановски, не се презема ништо, а состојбата е катастрофална.

Жерновски, пред сите советници, посочи дека општината е подготвена и бара овој проблем да биде префрлен во надлежност на општина Центар.

Од Градот Скопје реагира на изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски поврзана со собирањето на комуналниот смет на неколку локации на територијата на Центар.

Собирањето на комуналниот смет е надлежност на Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и тоа се врши редовно според однапред утврдена динамика. За жал, на одредени места возилата на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ немаат пристап и се спречени да дојдат до контејнерите за да ја го соберат сметот, пред сé, поради големиот број погрешно паркирани возила кои ги блокираат пристапите.

„Дополнително, доколку ги погледнете фотографиите објавени на интернет порталот на Општина Центар, ќе забележите дека голем број од контејнерите се превртени и оштетени, а комунален смет се фрла надвор од контејнерите. Јавно ги повикуваме колегите од комуналниот инспекторат на Општина Центар да и соопштат на јавноста што имаат превземено за овие појави“, велат од Градот.

Од таму ги повикаа градоначалникот Жерновски и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ да си ги извршат нивните должности и да го решат хаосот со паркирање на возила на овие локации, со што би се создале основни услови за ЈП „Комунална хигиена“ да може да ја врши својата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП