30 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечно, во 21 век, училиште во Велес ќе го реши проблемот со...

Конечно, во 21 век, училиште во Велес ќе го реши проблемот со затоплување

kotel-veles

Од денес во употреба е пуштен новиот парен котел во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, со што конечно, во 21 век, учениците ќе учат во соодветно затоплени простории.

Како што соопштија од Општината, сега, целосно е надминат проблемот со затоплување на Основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес, а градоначалникот Славчо Чадиев го пушти во употреба новиот парен котел, кој се набави со средства од Буџетот на Општината.

„Досега во училиштето континуирано имавме проблеми со затоплувањето. Новиот котел значи дека тоа ќе биде минато. Од денеска па во иднина учениците и вработените ќе престојуваат во добро затоплени простории„рече Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.

Новиот парен котел работи на нафта, кој има моќност од 580 киловати, а тоа е многу повеќе од стариот кој имаше 407 киловати, а во училиштето пристигна пред една недела. Денеска се заврши надзорот и ревизијата на целокупниот проект, по што се стави во погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП