9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBusiness Insider е хакиран!

Business Insider е хакиран!

bi

Business Insider беше хакиран во средата наутро.

Напаѓачите се идентификувале себеси како “OurMine”, на кој постираа вести на американската верзија на порталот: “Еј, не грижете се, ние само го тестираме вашето обезбедување, не ви ги сменивме лозинките или нешто друго”, пишуваше во пораката.

“Се извинуваме за непријатностите, работиме на решавање на проблемот и враќање на работите во нормала”, изјавија од  Business Insider.

Се верува дека еден од вработените кој имал привилегии за објавување на информации, го користел пасвордот и на други портали.

Хакерите користат лозинки од “data dumps” преземени од претходно хакирани сајтови и ги пробуваат на акаунти на други сајтови.

“OurMine” е особено плодна хакерска група во тоа што го работат, и речиси секогаш тврдат дека само ја тестираат безбедноста на жртвите.

Безбедносните експерти препорачуваат да се користи силна, уникатна лозинка за секој интернет акаунт што го поседувате, и доколку има можност да овозможува дупла проверка.

bi

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП