17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТремата ве победи на интервјуто за работа, како да се извлечете?

Тремата ве победи на интервјуто за работа, како да се извлечете?

job-interview_rex-blend-images-500

Сакавте да оставите подобар впечаток, но тремата ве победи? Еве како да се извлечете од непијатната ситуација…

Менталната блокада може да ги совлада и најдобрите студенти и најелоквентните лица, затоа е важно да научите како да се однесувате и да се извлечете од непијатната ситуација. Доколку вашиот работодавец ве збунил со прашањето на кое немате одговор обидете се со овие 4 техники…

Бидете опуштени

Најдобриот совет кој можете да го добиете во ваква ситуација е да се смирите колку што можете повеќе. Ако започнете да бидете нервозни и вашето тело ќе започне да реагира физиолошки. На пример: вашиот крвен притисок ќе започне да расте, а срцето побрзо да чука, поради што вие нема да можете да размислувате нормално. Применете ја следната техника: Вдишете длабоко и кажете си самите на себе дека е во ред да не го знаете одговорот. Доколку останете смирени, полесно ќе дојдете и до одговорот.

Не кажувајте „не знам“ и не измислувајте работи

Размислете малку и обидете се да дадете било каков одговор, кој барем делумно одговара со вистинскиот одговор. Секој труд се цени.

Поставете прашање

Можеби не сте го разбрале добро поставеното прашање па замолете го работодавецот да објасни што точно ве прашува. Така ќе добиете малку повеќе детали, кои можат да ви помогнат да дојдете до вистинскиот одговор.

Кажете го она што го знаете

Сигурно имате некое знаење за поставеното прашање, па најпрвин започнете со тоа што го знаете. Тоа секако е подобро од опцијата „незнам“ или од молкот, а можеби ќе се сетите и на одговорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП