23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит притисок пред претседателските избори

На Волстрит притисок пред претседателските избори

berza0334

На Волстрит во вторникот цените на акциите паднаа, бидејќи вложувачите се загрижени пред претседателските избори во САД и можното зголемување на каматите на американската централна банка Federal Reserve до крајот на годината.

Индексот Dow Jones 0,58 отсто, на 18.037 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,68 проценти, на 2.111 поени, а Nasdaq индексот се лизна за 0,69 отсто, на 5.153 индексни поени.

Индексот S&P 500 се лизна во вторникот на најниското ниво од 7-ми јули, што е последица на загриженоста на вложувачите пред претседателските избори во САД на 8-ми ноември.

Анкетите покажуваат дека трката меѓу демократската кандидатка Хилари Клинтон и републиканскиот Доналд Трамп станува сé понеизвесна, откако повторно е отворена истрагата за тоа како Клинтон ја користела приватната електронска пошта за службена комуникација во времето кога беше државна секретарка и дали тие електронски пораки содржат доверливи информации.

Пазарот ја преферира клинтон, бидејќи смета дека победата на Трамп би можела да предизвика несигурност по прашањето на надворешната, внатрешната и економската политика.

„Пазарот очекуваше сигурна победа на Клинтон и воопшто не сметаше на победата на Трамп, па сега вложувачите се загрижени“, вели Кен Полкари, директор во компанијата „O′Neil Securities“.

Вложувачите се претпазливи и поради тоа што започна дводневната седница на челниците на американската централна банка, па не сакаат да ризикуваат пред нивното соопштение во средата.

Не се очекува зголемување на каматните стапки пред претседателските избори, но забрзувањето на растот на американската економија и инфлацијата навестува можно зголемување на цените на парите во декември. Поради тоа вчера најмногу паднаа во недвижниот, телекомуникацискиот и комуналниот сектор, кои се најчувствителни на движењето на каматите.

„Можноста за зголемување на каматите на Fed во декември ги погодува сектори повеќе отколку што и да е друго, бидејќи би се променило целокупното досегашно опкружување со ниски каматни стапки“, вели Стивен Масока, директор во компанијата „Wedbush Equity management“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП