2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung инвестира 1 милијарда долари во производството на чипови

Samsung инвестира 1 милијарда долари во производството на чипови

exynos33

„Samsung Electronics“ соопшти дека планира да инвестира повеќе од 1 милијарда долари до крајот на јуни 2017-та година, за да се поттикне производството на системски чипови во нејзината фабрика во Остин, Тексас во САД, за да одговори на зголемената побарувачка, пренесува „Ројтерс“.

Јужнокорејската компанија која е втор најголем производител на чипови по „Intel“, откри во соопштението дека со инвестицијата ќе се зголеми производството на чипови за мобилни и други електронски уреди создадени од нејзината фабрика во градот.

Инвестицијата се случува откако „Samsung“ минатата недела објави дека нејзините капитални трошоци за 2016-та година ќе нараснат до рекордни 27 илјади милијарди вона (24 милијарди долари), како и дека 13,2 илјади милијарди вона се предвидени токму за бизнисот со чипови.

Иако поголемиот дел од профитот на „Samsung“ од чипови доаѓа од продажбата на чипови за меморија, таа се обидува да се промовира профит од други производи, вклучувајќи ги мобилните процесори „Exynos“ и преку договори со клиенти како „Qualcomm“ и „Nvidia“.

„Samsung“ не откри повеќе детали за инвестициските планови во Остин, како и колку голем производствен капацитет ќе биде додаден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП