Како резултат на негативните демографски трендови и висок процент на неактивно население, Словенија мора да размислува за привлекување на работна сила од странство.
Ова го изјави директорот на Владината канцеларија за макроекономска анализа(UMAR).
Според него, Владата треба да почне да размислува за активна политика за привлекување работна сила од странство, да се зголеми уделот на работно активно население, но, исто така, да се обезбедат нови средства за финансисрање на пензиите и системите за социјална заштита.
Според проекциите, бројот на активното население во Словенија, од сегашните 1,3 милиони ќе падне во 2050 година на само 800.000.