21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечно: ЕУ се смилува, но што ќе кажат Германците

Конечно: ЕУ се смилува, но што ќе кажат Германците

%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d1%82%d0%b8

Шефот на агенцијата на ЕУ за финансиска помош на членките Клаус Реглинг вели дека таа институција до крајот на годината ќе излезе со предлог за намалување на товарот од огромниот долг на Грција.

Реглинг изјави дека Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ) работи на краткорочните мерки за олеснување на должничкиот товар на Грција кои треба да ја намалат нејзината изложеност на отплатата на долговите.

По разговорот со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, Реглинг изјави дека тие мерки ќе следат доколку Грција ги исполни обврските кои ги презема во рамките на договорот со кредиторите во третиот пакет помош.

Грција, бара од кредиторите да започнат преговорите за мерките за олеснување на должничкиот товар, како што се подоцните рокови на доспевање или изедначени рати за исплата, но наиде на остро противење од Германија, својот најголем кредитор.

Грчкиот долг изнесува околу 180 проценти од бруто домашниот производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП