23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИThomson Reuters затвора 2 илјади работни места

Thomson Reuters затвора 2 илјади работни места

tomson-reuters350

Давателот на финансиски и општи вести „Thomson Reuters“ е пред сериозен бран на отпуштања. На глобално ниво ќе бидат затворени околу 2 илјади работни места, соопшти компанијата. Ова одговара на околу 4 отсто од вкупните вработени. Според последните податоци „Thomson Reuters“ има 48.000 вработени.

Во изминатите неколку години, компанијата веќе скрати илјадници работни места. Концернот страда од слабоста на медиумскиот и рекламниот пазар поради одливот на читателите како целина.

Oд кратењата ќе се погодени 150 поделби во 39 земји, станува јасно од соопштението на компанијата до вработените.

Сепак, нема да се погодени самите новинари на агенцијата. Реструктуирањето ќе оптовари финансиите на компанијата првично со до 250 милиони долари.

Во третиот квартал приходите на „Thomson Reuters“ се зголемуваат со 1 отсто до 2,74 милијарди долари. Добивката изнесува 286 милиони долари во споредба со 293 милиони долари во истиот период од минатата година. Истовремено „Thomson Reuters“ ја потврди прогнозата за постигнување на раст на приходите за целата година во нискиот едноцифрен сегмент.

Концернот беше создаден во 2008-ма година од стекнувањето на британската новинска агенција „Reuters“ од канадскиот провајдер на информации „Thomson“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП