2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во деловен простор достигнаа 200 милијарди долари во третиот квартал

Инвестициите во деловен простор достигнаа 200 милијарди долари во третиот квартал

global-city-keyimage

Вкупната вредност на инвестициските договори со деловен простор во светот достигна над 200 милијарди долари во третиот квартал, покажуваат податоците на консултантската компанија во секторот „CBRE“. Податоците се толкуваат како знак дека пазарот се стабилизира по падот на почетокот на годината, пишува „World Property Journal“.

Во првата половина од годината нивото на трансакциите во сите класи на имот на глобално ниво се намалија, бидејќи инвеститорите избегнуваа да ризикуваат. Капиталните пазари се успокоија во полугодието и тоа се манифестира и во секторот на недвижности. На квартална основа, обемот на трансакции се намалува за 1% во третиот квартал, а во однос на истиот квартал од 2015-та година се забележува пад од 9%.

global-commercial-real-estate-investment-2016

Активноста во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (во кој доминира Европа) продолжува во надолен тренд, така што се намалува со 8% во споредба со вториот квартал од годината и со 18% во споредба со третиот квартал на 2015-та година. Поради девизни фактори падот во регионот е посилен, ако се мери во американски долари и особено кај долгорочната споредба – 21% во однос на третото тримесечје од минатата година.

Слабоста на британскиот пазар е значителен фактор за падот на активноста во регионот. Инвестициските договори се успоруваат од средината на 2015-та година, но овој тренд се забрза во првото полугодие на тековната година и продолжи по референдумот на Островот на крајот на јуни. Ако се исклучат британските договори, во регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка се регистрира пад на годишна основа од 14%.

Во Северна и Јужна Америка трансакциите се зголемуваат со 1% во третиот квартал.

total-value-of-commercial-real-estate-investment-transactions-in-usd-billions

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП