21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акцијата на Скопски пазар

Блок трансакција со акцијата на Скопски пазар

mk-berza

Во вторникот трговскиот ден беше отворен со блок трансакција со акцијата на Скопски пазар АД Скопје преку која се реализираа вкупно 607 акции по цена од 15.000,00 денари од акција.

Вкупниот промет на оваа трансакција изнесуваше 9,1 милион денари, а со тоа акцијата и ја предводеше листата на хартии со најголем промет.

Следна на листата се најде акцијата на Комерцијална Банка со која денеска се тргуваше во количина од 2.925 акции по просечна цена од 2.807,22 денари. Акцијата забележа раст од 0,26 отсто.

Индексот МБИ10 продолжува со пораст, со нови 0,59 отсто, со што изнесуваше 2.091,13 индексни поени. ОМБ пак порасна за 0,13 отсто односно 126,79 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП