2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлубовите со иницијатива за вонредно Собрание и смена на Петар Наумовски

Клубовите со иницијатива за вонредно Собрание и смена на Петар Наумовски

%d0%bf%d0%b5%d1%82%d0%b0%d1%80-%d0%bd%d1%83%d0%bc

Здружението на кошаркарски прволигаши (ЗКПЛМ) поднесе иницијатива за свикување на вонредно Собрание на кое ќе треба да биде решена судбината на првенството, чиј старт доцни еден месец, но и судбината на претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумовски.

ЗКПЛМ, во вторникот, до канцеларијата на МКФ ја достави иницијативата за свикување на вонредно Собрание. Иницијативата е потпишана од сите 12 клубови кои имаат право на глас во Собранието, како и второлигашот Радовиш и три клуба од женското првенство.

Покрај решавањето на статус-кво ситуацијата со домашното првенство, чиј старт доцни еден месец, клубовите на вонредното Собрание ќе бараат и смена на претседателот на МКФ, Петар Наумовски.

За потсетување, несогласувањата започнаа на 7-ти октомври, кога Управниот одбор на МКФ ја донесе одлуката за зголемување на таксите за регистрација на странските кошаркари и кошаркарки, за кои клубовите оценија дека се превисоки. Клубовите бараат таксите за регистрација на играчите да не се менуваат, бидејќи финансиски не можат да го издржат тој товар. Покрај тоа, од Здружението на прволигаши од МКФ побараа тие да го избираат комесарот за натпреварување и сами да ја водат Првата лига.

МКФ во меѓувреме реши делумно да ја суспендира одлуката на Управниот одбор донесена на 7-ми октомври, а која се однесуваше на висината на таксите за регистрација на домашните кошаркари и кошаркарки во сите рангови на натпреварување и таа да си остане иста како и во сезоната 2015/2016, додека на сила останува одлуката за висината на таксите за странските играчи во македонската кошарка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП