Министерството за финансии во вторник ја задолжи државата со 61,7 милиони евра кај домашните банки и осигурителни компании.
По основ на доспеани долгови, до крајот на неделата треба да врати 62 милиони евра.
Министерството за финансии објави дека со третиот квартал од годинава јавниот долг на Македонија достигна 4,76 милијарди евра, што претставува 50,6 отсто од домашниот бруто –производ.