24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПознати добитниците на Наградата „13 Ноември“

Познати добитниците на Наградата „13 Ноември“

13-noemvri

Одборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, во вторник, по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2016 година.

Тајното гласањето го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Бранко Цветкоски и членови: д-р Стојан Киселиновски, д-р Марко Китевски, д-р Михаил Груневски, Никола Фиданоски, Авни Халими, Петар Гичаровски, Санде Стојчевски, д-р Изаим Муртезани, д-р Скендер Асани и проф. д-р Људмил Спасов.

Добитници на Наградата „ 13 Ноември“ на Град Скопје, за 2016 година се:
Од областа на науката:

1. МИХАИЛ ГАРЕВСКИ, универзитетски професор, за значајни остварувања во областа на науката, образованието и градежното конструктерство

2. АСЛАН ХАМИЛИ, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“- Скопје, за значајни континуирани остварувања во науката и образованието.

Од областа на образованието и воспитанието

1.ТОМИСЛАВ ДИМИШКОВСКИ, професор во пензија, за значајни остварувања во областа на образованието и воспитанието.

Од областа на културата

1.АЛЕКСАНДАР КУЈУНЏИСКИ, писател за деца и млади, за значајни долгогодишни остварување во областа на културата и уметноста.

Од областа на уметноста:

1.МУШЕРЕФ ЛОЗАНА ПРЕКИЌ, актерка во пензија, за посебен придонес во популаризацијата на театарската уметност во град Скопје.

2.ЛЕТКА ПОЛИЗОВА ДИМОВСКА, хорски диригент, за 40-годишна професорска работа како диригент на женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“

Од областа на публицистиката и архитектурата

1. ВАНГЕЛ БОЖИНОВСКИ, архитетект, за долгогодишни истражувања, популаризирање и развој на град Скопје и за архитектонско креирање на повеќе значајни објекти.
Од областа на хуманитарната активност

1.АЛМИНА АЛИЛОВИЌ, студентка, за покажана хуманост и спасување човечки живот.

За ученици и студенти

1.ЕВА КАРАМАНОВСКА, ученик во ООУ „Рајко Жинзифов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннатавните активности.
2.МАРКО НАУМОВСКИ, ученик во СУГС„д-р Панче Караѓозов“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.

Наградите на посебна свеченост ги врачува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП