27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСовет од Алберт Ајнштајн: Решението на вашиот проблем зависи од тоа колку...

Совет од Алберт Ајнштајн: Решението на вашиот проблем зависи од тоа колку добро го дефинирате

ajnstajn-660x330

Овој интересен совет за продуктивноста од Алберт Ајнштајн ќе ве натера да го преиспитате своето видување на проблемите кои секојдневно ви се појавуваат во животот.

Еве еден одличен цитат од познатиот научник:

Доколку би имал само еден час време да го решам проблемот, би поминал 55 минути размислувајќи за проблемот и 5 минути мислејќи за решението.

Ајнштајн сметал дека квалитетот на решението кое го генерирате е пропорционално сразмерен на вашиот потенцијал да го идентификувате проблемот кој сакате да го решите.

Имајќи го тоа во вид тој верува дека клучот за продуктивноста е да се инвестира во времето за дефинирање на проблемот, наместо да се впуштате во сонување и лутање по решението.

За подобро да го дефинирате проблемот можете да го направите следново:

1. Преформулирајте го проблемот

2. Изложете ги претпоставките и предизвикајте се себе

3. Размислете за пошироката и потесната верзија на проблемот

4. Ставете го проблемот од страна на различни интересни групи и согледајте го од различни агли

5. Секогаш претпоставувајте дека има повеќе од едно решение

6. Користете го јазикот за да го прикажете проблемот на многу повозбудлив начин

7. Завртете го проблемот и размислете што би направиле ако резултатот биде спротивен од оној кој го очекувате.

8. Поставете си себе си прашања за проблемот. Направете истражување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП