23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo се подготвува за пролетно чистење

Yahoo се подготвува за пролетно чистење

Earns Yahoo

„Yahoo“ најави дека ќе исфрли неколку алатки како што се „Yahoo Deals“, „Yahoo SMS“ „Yahoo Mail“ и „Messenger“ апликациите за смартфон.

Компанијата сака да ги расчисти старите работи за да направи место за новите, вели Џеј Роситер, извршен потпретседател на платформата „Yahoo“.

„Сакаме да ви овозможиме искуство кое ќе ве инспирира и забавува секој ден. Тоа значи дека мора да се осврнеме на сите наши производи за да бидеме сигурни дека тие и понатака се важни за животот на нашите корисници. Како дел од тој процес ќе угасиме неколку производи“, изјави тој.

„Yahoo“ исто така планира да ги затвори и „Upcoming“ и „Yahoo Kids“ до крајот на овој месец.

Компанијата ќе ги затвори и старите верзии на „Yahoo Mail“ што значи дека сите кои користат „Yahoo Mail Classic“ ќе мора да преминат на новата верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП