19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБилатерална средба на првите даночници на Македонија и Црна Гора

Билатерална средба на првите даночници на Македонија и Црна Гора

danocnici-sredba-33

Директорот на Управата за јавни приходи Анастасија Илиеска во вторник оствари работна средба со делегација на Даночната управа на Црна Гора, предводена од генералниот директор Миомир Мугоша, придружуван од замениците директори Сретен Гребовиќ и Драган Јанковиќ.

Соговорниците, обострано го споделија мислењето дека денешната работна средба е добар почеток и пример за понатамошна успешна соработка, пред се добра можност да се поразговара конструктивно, дирекно за секојдневните предизвици со кои се соочуваат управите на двете земји, особено од двете страни, беше поздравен принципот на подадена рака, што практично значи соработка на билатерално ниво.

Илиеска изрази задоволство и истакна дека посетата на делегацијата на Даночната управа на Црна Гора претставува одлична можност одблиску да се поразговара за односот и пристапот кон даночните обврзници, да се увидат добрите практики во самата работа, и да се дискутира за клучни прашања кои ги тангираат управите во нивното секојдневно функционирање.

Соговорниците особено разменија искуства и мислења околу управувањето со долгот и стратегиите за контрола на пристап и е-ревизија, како клучни теми во работата на двете управи.

Во самата дискусијата, соговорниците, клучен акцент ставија на законските рамки со кои располагаат двете управи, како и размената на информации околу правната регулатива, која ја опфаќа даночната политика, процесот на оданочување и модернизација, односно воведување и имплементација на електронски услуги за даночните обврзници, се со цел зголемување на нивото на ефикасност во наплатата.

Во контекст на разговорот која се водеше, Илиеска потенцира дека еден од клучните фактори за постигнување на ефикасна работа и успешни резултати, е токму размената на информации и добри практики, истакнувајќи дека проблемите се нашиот предизвик во самата работа, процесот на модернизација и овозможување на едноставни и брзи услуги за даночните обврзници, е врвен приоритет и стратешка цел на македонската УЈП.

Воедно, Илиеска, нагласи дека УЈП целосно е насочена кон исполнување на законските обврски, посветено работиме да го зголемиме нивото на лојална конкуренција, да придонесеме, да се зголеми нивото на наплата на даноци, да се намали сивата економија и да овозможи нормално извршување на функциите на буџетот на државата и се што е во интерес на сите граѓани.

Во периодот што претстои УЈП е целосно насочена да биде што поблиску до даночните обврзници, преку едукативни програми и средби, дирекно со граѓаните да се подигне нивото на свест и взаемна соработка се со цел даночната политика во земјата да биде на повисоко ниво.

На средбата исто така се разговараше и за можни, идни, заеднички проекти кои би ги реализирале двете управи, со акцент што повеќе да се доближи работата и соработката на даночните службеници од двете земји и на тој начин да се креира позитивна клима и размена на искуства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП