16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп со нови парковски површини

СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп со нови парковски површини

sou

СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп го заврши уредувањето на дворното место, со патеки со бекатон плочки и хортикултурно уредување на училишниот двор со четири парковски површини, кои го обиколуваат зградата на средното стручно училиштето.

„Ова е инвестиција е вредна околу 200 илјади денари,средства обезбедени од ЈКП „Комуналец“ се со цел училиштето да има поубав изглед и да биде попријатно место за учениците и професорите. Останува уште да се уреди паркинг просторот во училиштето и да се постави енергетско- ефикасно заштитана фасада. Досега преку различни проекти и буџетски средства во ова училиште имаме инвестирано околу пола милион евра“, истакна градоначалникот на Прилеп,Марјан Ристески при посетата на СОУ „Ѓорче Петров“.

Поради специфичноста на земјената површина за уредување на парковските површини и дворното место ,во СОУ Ѓорче Петров,беше користена земја од градскиот стадион, кој е во изградба. Со помош на ЈКП „Комуналец“, кои помогнаа и идејно во реализацијата на парковските површини, ова училиште денеска веќе има уреден двор, пријатен за одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП