2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската централна банка ја намали прогнозата за инфлацијата

Јапонската централна банка ја намали прогнозата за инфлацијата

boj2233

Јапонската централна банка (ВоЈ) ја намали прогнозата за инфлацијата, но ја остави програмата за стимулации без промена. Депозитна камата исто така, останува на ниво од -0,1%.

Рокот за постигнување на целното ниво од 2% на инфлацијата веќе е во фискалната 2018-та година, која завршува на крајот на март 2019-та година. Претходниот рок беше фискалната 2017-та година.

Одлуката за планот за стимулации да остане без промена доаѓа, иако официјалната мерка за инфлацијата покажува дека потрошувачките цени се намалуваат во секој месец од март наваму. Индексот на „ВоЈ“ кој ги исклучува свежите прехранбени производи и енергијата, се зголеми за само 0,2 отсто во септември, што беше најслабата стапка од три години.

Во април 2013-та година гувернерот Харухико Курода вети смело дека ќе постигне 2% инфлација во рок од две години, што сепак и не се случи. Неговите активности сега покажуваат дека тој презел побавен и прагматичен пристап, кој во голема мера се одразува на неможноста на централните банки во светот да го поттикнат растот во цените. Според голем број економисти сега топката е во полето на премиерот Шинзо Абе.

На претходната седница во септември „ВоЈ“ ја модифицираше монетарната политика, фокусирајќи се повеќе на каматата и на контролата на кривата на приносот на 10-годишните обврзници, а сега целта е овој принос да се држи околу нулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП