23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобра вест, Кина расте со најбрзо темпо

Добра вест, Кина расте со најбрзо темпо

%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0

Фабричката активност во Кина во месец октомври порасна со најбрзото темпо за повеќе од две години, што е добра вест за втората најголема економија во светот, оценува АФП.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) кој ги мери условите во кинеските фабрики и рудници, порасна во октомври на 51,2 поени, највисоко од јули 2014 година, од 50,4 поени забележани во септември, покажаа објавените податоци на кинеското Национално биро за статистика.

Таквите податоци се значително подобри во однос на просечната прогноза на економистите кои ги анкетираше Блумберг од 50,3 поени.

Податоците над 50 поени укажуваат на зајакнување на секторските активности, а под 50 поени на нивно слабеење.

„Производството и побарувачката на пазарот повторно забрзуваат“, се наведува во соопштението на аналитичарот Џао Чингеа.

Тој, сепак, наведе дека и понатаму постојат притисоци на увозот и извозот поради слабото закрепнување на глобалната економија.

Кинескиот преработувачки сектор веќе неколку месеци е во проблеми, поради падот на светската побарувачка за кинеските производи и вишокот индустриско производство, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП