7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на македонскиот уметник Жанета Гелевска Велјаноска во Лондон

Изложба на македонскиот уметник Жанета Гелевска Велјаноска во Лондон

image-20

Уште едно преставување на македонски сликар во срцето на уметноста, откако македонската уметница Жанета Гелевска Велјаноска – Жани во среда ќе се претстави со самостојна изложба во една од најпрестижните галерии во Лондон GALLERY 106. Изложбата е со наслов “Свет на опуштена спонтаност ” (The World of Relaxed Spontaneity).

На изложбата ќе бидат изложени 30 дела изработени во последниве две години во комбинирана техника. Ова е нејзина 35 самостојна изложба а таа зад себе има и многубројни групни изложби низ светот.

Гелевска Велјаноска е еден од нашите најплодни ликовни уметници кои својата кариера ја гради и претсваува во многу галерии ширум светот. За својата работа е добитник на голем број на признанија и награди како дома така и меѓународно. Неодамна таа имаше свое самостојно претставување и во Галеријата МС во Њујорк, а изложбата во Лондон ќе биде отворена за јавност до 2-ри декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП