6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарк Карни останува на чело на ВоЕ до средината на 2019-та

Марк Карни останува на чело на ВоЕ до средината на 2019-та

mark-karni3355

Гувернерот на Англиската централна банка (BoE) Марк Карни најави дека ќе остане на функцијата до јуни 2019-ta година, односно со една година повеќе отколку што беше предвидено. Во последните неколку недели имаше шпекулации дали Карни ќе ja напушти институцијата во 2018-тa година, или ќе помине целосен мандат до 2021-ва година.

Во писмо до министерот за финансии Филип Хамонд, Карни наведува дека за него е чест да биде гувернер на банката подолго отколку што беа првичните намери. Покрај тоа, тој изрази надеж дека оваа одлука ќе придонесе за гарантирањето на контролирана транзиција во новите односи на Велика Британија со Европа.

Хамонд за возврат го поздрави исклучително ефикасното лидерство на Карни и неговата желба да остане на чело на институцијата за време на критичен период за британската економија.

Во средината на 2019-та година се очекува двегодишните преговори за излез од ЕУ да се завршени. Останувајќи дотогаш гувернерот на централната банка, Марк Карни ќе остане и повеќето од клучна фигура за британската економија надвор од политиката, кој ќе треба да ја одржи финансиската стабилност во текот на преговорите со Брисел.

Во своето писмо до Филип Хамонд, Карни наведува дека неговите лични причини да не заврши целиот мандат се уште се присутни.

„Моите лични размислувања не се променети, но други размислувања сигурно се променети, претежно одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија“, вели 51-годишниот Канаѓанец.

По објавувањето на одлуката во понеделникот вечерта британскиот фунта поскапе, а до 10:30 часот во вторникот се тргува со зголемување од 0,15% до 1,2257 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП