2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИExxon Mobil – највредната компанија

Exxon Mobil – највредната компанија

exxonmobil1

Apple ја загуби титулата за највредна компанија во светот, откако вредноста на неговите акции продолжи да опаѓа, па титулата сега ја превзема нафтената компанија „Exxon Mobil“.

Пазарната капитализација на „Exxon Mobil“ изнесуваше 385 милијарди долари, во однос на 378 милијарди на „Apple“ во моментот на замена на позициите, вели Хуфингтон пост.

„Exxon Mobil“ последен пат ја премина компанијата „Apple“ во јануари оваа година. Овие две компании веќе со години се борат за титулата, а „Exxon Mobil“ беше на водечката позиција од 2006 година до минатата година.

„Apple“ во минатата година го превзема местото на тронот и цврсто се држеше таму, но падот на цената на неговите акции под 400 долари, доведе до тоа технолошката компанија „Exxon Mobil“ повторно да го добие првото место како највредна компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП