7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДозволено да се емитува македонска музика во етерот

Дозволено да се емитува македонска музика во етерот

mkd-284343

Министерството за култура донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на Зружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување.

„Министерството за култура, во согласност со својата законска надлежност утврдена со Законот за авторското право и сродните права, по извршниот надзор над Одлуката на Собранието на ЗАМП бр. 493-1-0201 од 19.09.2016 година, донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на ЗАМП со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување“, соопштија од министерството.

Од таму појаснуваат дека надзорот на Министерството за култура над Одлуката на Собранието на ЗАМП констатирал дека Одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права.

„Во оваа прилика уште еднаш потсетуваме дека авторите на музички дела имаат право преку соодветната организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторското право и сродните права“, се вели во сооптението на Министерството за култура.

Зружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови, а забраната стартуваше од 20 септември.

Причина за ова, како што наведоа од ЗАМП, е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето на ова Здружение и создавањето на можноста да се формира паралелно здружение за истите права, во случајов СОКОМ МАП.

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП), на барање на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, од 1 октомври им забрани јавно емитување на музика од репертоарот на СОКОЈ на сите радио и телевизиски станици на територија на Македонија, по што следеше забрана и од повеќе други здруженија за емитување на нивната музика од повеќе балкански земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП