19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАгресивно ги намалија расходите, но добивката повторно опаѓа

Агресивно ги намалија расходите, но добивката повторно опаѓа

qantas1

Австралискиот авио-превозник „Qantas“ соопшти дека падот на цената во меѓународниот воздушен сообраќај ќе ги анулира бенефитите од поевтинувањето на горивото.

Бенефитите од ова поевтинување компанијата ги регистрираше во првата половина од годината.

„Qantas“, кој во последните неколку години со сопствени сили направи пресврт во работењето со агресивното намалување на раходите, наведе дека очекува профит пред оданочување меѓу 800 и 850 милиони австралиски долари (607 до 645 милиони американски долари) во шест месеци заклучно со 31 декември, пренесува агенцијата АФП.

Во истиот период минатата година, компанијата забележа профит пред оданочување од 921 милиони австралиски долари.

Акциите на „Qantas“ на почетокот на денешното тргување паднаа за повеќе од девет проценти, но потоа закрепнаа за 3,7 проценти, на 3,05 австралиски долари.

Генералниот директор Алан Џојс изјави дека оваа привремена прогноза се темели на падот на приходите од 3,2 проценти во три месеци заклучно со 30-ти септември, до кој дошло поради зголемувањето на конкуренцијата на меѓународните рути.

„Qantas“ оваа годинна до 30-ти јуни оствари рефкорден годишен нето профит од 1,42 милијарди австралиски долари и ја најави првата исплата на дивиденда за акционерите во седум години.

Тој резултат е остварен благодарение на намалувањето на трошоците од работењето за 2,0 илјади австралиски доларини спроведувањето на програмата за реструктуирање која трае од почетокот на 2014година, а во рамките на кое се угасени илјадници работни места, а десетина авиони се продадени или некои нарачки се одложени, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП