24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолеми германски синџири на супермаркети ги делат објектите на Tengelmann

Големи германски синџири на супермаркети ги делат објектите на Tengelmann

golemi-marketi33

Водечките синџири на супермаркети во Германија се согласија да го спасат својот помал конкурент „Kaiser’s Tengelmann“, пренесоа светските агенции.

Соопштението, направено од заменик-канцеларот и министер за економија Зигмар Габриел, дојде откако поранешниот канцелар Герхард Шредер беше назначен да ја предводи арбитражата во долгиот спор по стекнувањето на синџирот, забележуваат агенциите.

„Kaiser’s Tengelmann“ подолго време е во загуба, а нејзиниот сопственик Карл-Ериван Хауб не сака повеќе да инвестира. Пред две години тој ја продаде компанијата на конкурентот „Edeka“, но во април оваа година спојувањето беше отфрлено од германската служба за заштита на конкуренцијата.

Потоа Зигмар Габриел даде т.н. Министерско одобрение за трансакцијата, со што ќе се одбегне антимонополнскиот завод.

Синџирите „REWE“,„ Norma“ и „Markant“ сепак ја оспорија одлуката на министерот во судот, кој пресуди против Габриел.

Со постигнатиот договор ќе биде спречено затворање на објектите на „Kaiser’s Tengelmann“ и ќе бидат спасени околу 15.000 работни места.

Според новиот план околу 400 гранки од синџирот во Германија ќе бидат поделени меѓу „Edeka“ и „REWE“, посочуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП