3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОПЕК ја одобри долгорочната стратегија

ОПЕК ја одобри долгорочната стратегија

opec88

Претставниците на „ОПЕК“ одобриле документ за олеснување на долгорочната стратегија на картелот. Тоа е знак дека земјите членки од организацијата бележат напредок во измазнување на разликите околу прашањата како и кога ќе биде наметната контрола на производството и соодветно и на цените, пренесе „Ројтерс“.

Одобрување на документот се одложува неколку пати. Земјите членки, како Алжир и Иран инсистира дека „ОПЕК“ треба да биде подготвена да ја заштити цената на нафтата, доколку се намали приносот. Од крајот на 2014-та година, сепак лидерот на организацијата Саудиска Арабија ја брани позицијата дека цените на нафтата треба да се определуваат од пазарот и ископувањето не треба да се ограничува, за да не се отстапи удел на производителите со повисоки трошоци.

Сепак, по последното одбивање на долгорочната стратегија на „ОПЕК“ во мај, кралството се премисли и во септември „ОПЕК“ постигна согласност дека треба да го ограничи производството, за да ги поддржи цените – прва ваква одлука од 2008-ма година.

Четири извори од организацијата се изјасниле за „Ројтерс“ дека Управниот одбор на „ОПЕК“, кој разговараше за ажурирање на долгорочната стратегија од 2015-та година, се собра во Виена и ја одобрил најновата верзија.

Направени се само некои промени, овој пат преговорите поминале без конфликти.

„ОПЕК“ не треба да се враќа кон индивидуални квоти и треба да биде нешто повеќе, велат изворите. Членките се согласуваат дека организацијата треба да се врати на својата улога да управува пазарот, од што практично се откажа во 2014-та година, и да стане повеќе проактивна во предвидувањето на промени во моделите на побарувачката и понудата, објаснуваат изворите.

Спроведувањето на реалните ограничувања на приносот останува предизвик за картелот, кој во петокот по многочасови преговори не успеа да стигне до компромис во позадина на приговорите на Иран, забележуваат агенциите.

Генералниот секретар Мохамед Баркиндо продолжува да е оптимист за постигнување на конечен договор на средбата на 30-ти ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП