2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува зголемениот број трансакции на Македонската берза за хартии од вредност

Продолжува зголемениот број трансакции на Македонската берза за хартии од вредност

makedonska-berza-berzi-zvonce

Почетокот на новата трговска недела донесе нов пораст на индексот МБИ10, овојпат за 0,95 отсто, со што индексот на крај на трговскиот ден изнесување 2.078,84 индексни поени.

Иднескот ОМБ, пак, од друга страна, на намали својата вредност за 0,14 отсто односно 126,62 индексни поени.

На прво место по остварен промет, убедливо се најде акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје, со која се реализираа 29 трансакции преку кои беа истргувани вкупно 2.709 акции по просечма цена од 2.799,96 денари што претставува пад во вредноста на акцијата од 1,59 отсто.

Меѓу „милионерите” беа и акциите на Макпетрол (2.3 милиони денари) Алкалоид (2.2 милиони денари), додека со акциите на НЛБ Банка, Стопанска Банка Скопје и акцијата на Гранит се реализираа нешто над милион денари, секоја.

Вкупниот промет на берзата изнесуваше 18,9 милиони денари реализирани преку 142 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП