3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСубвенционирани уште шест компании за воведување на ХАЛАЛ стандард

Субвенционирани уште шест компании за воведување на ХАЛАЛ стандард

halal-s33

Шест компании, „Виапром“, „Витаминка“, „ХИТ 73“, „Анета Компани“, „Кенди“, и „Гудас мит“, во понеделник, добија решенија за субвенционирање на претпријатија за воведување и сертифицирање на ХАЛАЛ систем.

„Овие компании во текот на 2016 година за своите производи вовеле ХАЛАЛ стандард, со цел подобрување на нивната конкурентност, користејќи ја поддршката од Министерството за економија за кофинансирање на 70 отсто од докажаните трошоци направени за оваа намена, но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата“, рече министерот за економија Дритон Кучи.

Во последните три години, откога сертифицирањето на ХАЛАЛ системот го врши Агенцијата за ХАЛАЛ стандард во Македонија, Министерството за економија ги има кофинансирано трошоците за воведување и сертификација на ХАЛАЛ систем на вкупно 25 компании, при што се потрошени буџетски средства во вкупен износ околу 5 милиони денари, додека пак, до 2013 година, додека сертификацијата на ХАЛАЛ стандардот ја вршеше Агенцијата за сертификација од Тузла, ХАЛАЛ стандардот го вовеле 11 компании од Македонија, а четири биле во процес на сертификација во тој период.

Кучи потсети дека воведувањето на овој стандард не само што ја подобрува конкурентноста на претпријатијата и го олеснува настапот на нови пазари, туку и ги приближува производите до синонимот “здрава храна“ т.е. храна со минимално количество на адитиви, за која расте интересот на потрошувачите, независно на верската припадност, дава дополнителна вредност на производите и услугите, го зголемува нивото на свесност за безбедност на храната и го зголемува нивото на интеркултурните комуникации помеѓу земјите и прифаќањето на различностите во светот.

„Да не заборавиме дека светскиот ХАЛАЛ пазар се проценува на 650 милијарди долари, а европскиот на околу 66 милијарди долари годишно, што значи дека ХАЛАЛ пазарот е најбрзо растечки пазар“, рече Кучи.

Министерот воедно информираше дека оваа мерка е предвидена и за идната година, за која се планирани средства во износ од 1.400.000 денари, што треба да претставува поттик за компаниите веќе да започнат со подготовките за сертифицирање и аплицирање по мерките од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП