24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLufthansa откажа 1.600 летови поради најавениот штрајк

Lufthansa откажа 1.600 летови поради најавениот штрајк

lufthanza1

Германската авиокомпанија „Lufthansa“ денес ги откажа речиси сите летови кои беа планирани за почеток на неделата, поради очекуваните последици од најавениот штрајк.

Од 1,720 летови, планирани за понеделник, компанијата соопшти дека ќе се остварат самo 32. Откажаните летови се однесуваат на домашните и меѓунaродните линии.

Соопштението за откажување на летовите е објавено во пресрет на најавениот штрајк од страна на синдикатот Верди, пренесуваат странските медиуми.

Синдикатот Верди повика 33,000 вработени во компанијата „Lufthansa“, да прекинат со работа на аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Минхен и Дизелдорф.

Синдикатот бара зголемување на платите од 5,2 проценти во текот на оваа година и компанијата да се обврзе да се зачуваат сегашните работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП