3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно „темни облаци“ над Грција

Повторно „темни облаци“ над Грција

oblaci-grcija333

Кредиторите на Грција гледаат дупки во буџетот на Грција за следната година и притисок за нови ограничувања, соопштува грчкото издание „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори. Според оценките дефицитот во буџетот ќе биде помеѓу 0,15% и 0,2% од бруто домашниот производ (БДП) на земјата.

Според Министерството за финансии на земјата сепак дефицит во буџетот за следната година нема да има. „Дупките“, кои кредиторите ги забележале, ќе бидат „пополнети“ од очекуваните поголеми приходи. Затоа и нема да бидат потребни нови намалувања на трошоците во износ од најмалку 360 милиони евра, сметаат властите.

Меѓународните кредитори на Атина и нудат намалување на социјалните бенефиции и зголемување на даноците, за да бидат избегнати дефицити во буџетите за 2017-та година и 2018-та година, наведува весникот.

Разговорите за буџетската политика меѓу Владата и кредиторите всушност допрва почнуваат. Предвидено е за оваа тема да се разговара на 14-ти ноември, кога мисиите на меѓународните институции, од кои се доделени кредитите на Грција, да се вратат во Атина.

Грција го финализираше првиот преглед од спасувачката програма, потпишана во текот на летото на 2015-та година. Земјата успеа да ги исполни сите очекувања на доверителите и ги доби и сите ветени средства во рамките на програмата.

Сега сепак следува втор преглед во кој се вклучени и очекуваните од кредиторите промени во однос на социјалното осигурување и пензискиот систем во Грција. Владата се надева и да започне разговорите за простување на дел од долговите.

Инаку Грција не предвидува четврти спасувачки пакет, објави грчкиот вицепремиер Јанис Драгасакис, истакнувајќи дека долгот е „поголема тежина за земјата“.

„Договорот што го потпишавме со кредиторите, не предвидува нова програма“, уверува Драгасакис пред националната телевиција „ЕРТ“, нагласувајќи дека секогаш ќе има некои кои зборуваат за четврти и петти спасувачки пакет.

Според него Владата е на пат да постигне договор за долгот. Јанис Драгасакис изрази надеж дека консултациите кои Владата ги води за решавање на должничкиот проблем, ќе бидат успешни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП