4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтстранет дефектот на топлинската мрежа во близина на болницата „Cв. Наум Охридски“

Отстранет дефектот на топлинската мрежа во близина на болницата „Cв. Наум Охридски“

cefki

Екипите на БЕГ-Дистрибуција во понеделник рано наутро го отстранија големиот дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа во близина на клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Заради дефектот без греење остана болницата „Cв. Наум Охридски“, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11 Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28.

„Овие потрошувачи од утринава редовно добиваат топлинска енергија. За санација на дефектот заменет е 20 метри долг цевковод DN200“, информираат од компанијата.

Екипите на БЕГ–Дистрибуција и понатаму ја следат состојбата и се подготвени да интервенираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП