3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна реконструкција на регионалниот пат Корешница-Бистренци

Започна реконструкција на регионалниот пат Корешница-Бистренци

pat-rekonstrukcija

Со поставување нов тампон, а по десетина дена ќе започне и асфатлирање на целиот пат, во понеделникот започна реконструкцијата на регионалниот пат Корешница – Бистренци, последниот регионален пат што остана нереконструиран во Општина Демир Капија, а станува збор за инвестицијата во износ од 10 милиони денари која беше приоритетно барање на жителите од овој регион. 

„Инвестициите во овој регион надминуваат над 200 милиони евра“, рече министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој заедно со градоначалникот на Демир Капија и директорите на Јавното претпријате за Државни патишта и Македонија пат извршија увид на отпочнување на градежните работи.

Мисајловски притоа пред новинарите потсети дека „активно се работи“ на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, како и на автопатската делница Смоквица – Гевгелија.

„Почнавме со подготвителни работи за реконструкција и на делницата од Неготино до Демир Капија која е една од најоштетените и најфрекфентна. Така да активно се работи на изградба на овие капитални проекти“, рече министерот за транспорт и врски

Со реконструкцијата на овој пат која беше една од барањата на жителите на овие населени места ќе обезбедиме побезбеден сообраќај, појасни директорот на ЈП за Државни патишта, Александар Стојанов, прецизирајќи дека со реконструкцијата на овој пат ќе биде извршено проширување од 3 метри на 4 метри и ќе биде поставена целосно нова патна сигнализација.

Според градоначалникот Димитриев, овој проект за општината Демир Капија претставува аокружување на инвестициите на патната инфраструктура во општината.

„По завршување на овој регионален пат во општина Демир Капија ќе нема ниту еден локален ниту регионален пат на кој што ќе му биде потребна реконструкција“, изјави Трајче Димитриев кој вети дека реконструкцијата на овој регионален пат ќе се заврши годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП