5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако случувањата во Европа влијаат врз светската економија?

Како случувањата во Европа влијаат врз светската економија?

eu3

„Европа стана кочница за светската економија“, пренесува Гласот на Русија.

„Причината за оваа и слични изјави е изјавата на ММФ за тенденцијата на економскиот развој во светот за оваа година и во блиска иднина“.

Според документот на ММФ, светската економија моментално се наоѓа во состојба на закрепнување.

Развојот, признаваат, доаѓа со различна брзина. Најбрзо темпо на раст покажуваат државите кои забрзано се развиваат, на прво место е Кина, а потоа Индија. Во втората група, што се однесува на брзината, спаѓа САД. Но, затоа на Европа и доделија толку песимистична оценка.

Оливије Бланшар, главниот економист на ММФ вели дека на последните вести кои пристигнуваат од САД, паѓа сенка од загриженост која потекнува од еврозоната.

Притоа, додава Бланшар, заедно со веќе познатите проблеми во Италија и Шпанија, економска слабост покажува и економијата на оние држави кои претставуваат предводници на Европа, односно Германија и Франција. Во Германија, растот за оваа година се предвидува дека ќе изнесува само 0,6 проценти, а во Франција тој ќе биде негативен.

Рускиот економист, Иван Родионов, смета дека овие критики за Европа се сосема неоправдани.

„Ми се чини дека е потполно спротивно. Во Европа сите постапуваат правилно и таму ситуацијата е подобра. Јасно е дека тоа во Америка предизвикува немир. А ММФ, општо земено, потсетува на САД. Исто така, познато е дека ни на Сорос не му се допаѓа тоа што се случува во Европа, бидејќи тој од неа заработува, и во таа смисла тој никогаш не бил Европеец. Критиките за Европа кажуваат дека таа го прави токму правилното“.

„Говорејќи за кризата во еврозоната во целост, важно е да се напомене дека тука проблемите се таложат веќе подолго време и дека тоа доведе до одреден јаз меѓу земјите, а потоа и до криза. Преку ноќ таквите проблеми не се решаваат. Затоа кризата ќе не прати уште некое време, додека не се дојдеме до структурните причини за нејзиното создавање“, изјави претседателот на германската Бундесбанка, Јенс Вајдман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП