4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната достигна 28-месечен врв

Инфлацијата во еврозоната достигна 28-месечен врв

euro3355

Инфлацијата во еврозоната достигна 0,5% на годишна основа во октомври, што е највисоко ниво од јуни 2014-та година, или 28-месечен врв, покажуваат податоците на „Евростат“.

Во јуни 2014-та година ценовното ниво во еврозоната повторно порасна за 0,5% на годишна основа, а оттогаш инфлацијата не успеваше да ја достигне оваа граница. Во периодот еврозоната дури помина низ осум месеци од дефлација.

Очекувањата на аналитичарите беа токму за постигнување на границата од половина процент. Во исто време основната инфлација бележи раст од 0,8 отсто на годишна основа, покажува официјалната статистика.

ep000

Мерките за олабавување на монетарната политика на Европската централна банка (ЕЦБ) изгледа почнуваат да даваат резултат, а еврозоната успева да ја избегне инфлацијата неколку месеци по ред. Следниот состанок на Управниот одбор на ЕЦБ е на 2-ри ноември, но на неа нема да бидат донесени решенија за монетарната политика.

За пазарите поважно е што ќе се случи на 8-ми декември, кога ЕЦБ ќе заседава на тема за монетарната политика во Франкфурт, но не недостасуваат очекувањата за продолжување на квантитативните олеснувања или други промени во програмата на ЕЦБ во насока за зголемување на стимулите.

Иако е на 28-месечен врв, инфлацијата во еврозоната останува далеку од целта на европската монетарна институција од 2%.

ep001

Покрај податоците за инфлацијата, официјалната статистика на Евростат денеска претстави повеќе конкретни информации и за економскиот развој на еврозоната. Во третиот квартал на годината Европската монетарна унија забележа економски раст од 1,6% на годишна основа и од 0,3% на квартална основа.

На овој начин се задржува растот кој економијата на еврозоната го забележа и во вториот квартал. Податоците изнесени денес, се прелиминарни, а на 15-ти ноември се очекува нивното второ читање на кое може да се случат промени.

Во исто време еврото оди кон својот најголем месечен пад во однос на доларот од мај наваму поради шпекулациите дека ЕЦБ ќе продолжи да ја отпушти монетарната политика, додека Федералните резерви на САД може да ги подигне каматите стапки до крајот на годината. Според пазарите веројатноста тоа да се случи до крајот на 2016-та година е 69%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП