20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНаправете ги овие нешта при крајот на работното време

Направете ги овие нешта при крајот на работното време

woman-in-office-e1407953002901-630x419

Пред да го напуштите работното место, по завршувањето на работните часови, постојат неколку нешта кои треба да ги направите…

1. Листа

Направете листа од сите нешта кои сте успеале да ги направите денес и споредете ги со оние кои сте планирале да ги направите. Дали сте задоволни? Дали нешто сте пропуштиле? Истакнете се што не сте направиле и тоа ставете го на листата со недовршени работи.

2. Цели

На крајот на работниот ден поставете цели за утрешниот ден. Ќе ви биде полесно кога наредниот ден ќе седнете на бирото и ќе знаете што точно треба да направите.

3. Приоритети

Сега кога ги одредивте целите, распределете ги според важност: оние кои треба да ги направите веднаш и оние за кои имате уште време. Знаеме дека секогаш е полесно да започнете со полесните задачи, но сепак ќе ви биде полесно кога ќе ги завршите потешките задачи.

4. Работното биро

Клучот за продуктивноста е организацијата. Затоа пред да си заминете, средете го креативниот неред на вашето биро, ќе чувствувате помалку стес кога наредното утро ќе пристигнете во канцеларијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП