3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКористење на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединци

Користење на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединци

internetr

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година, 75.3% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2015 година.

Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 69.0% во 2015 година на 74.7% во 2016 година. Речиси сите (99.2%) домаќинства со интернет-пристап имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.

Во првото тримесечје од 2016 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 72%, а 61% го користеле секој ден или речиси секој ден.

Мобилниот телефон или паметниот телефонот биле најкористени средства за пристап до интернет кај 81% од корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (92%). 77% од корисниците на интернет во овој период употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или од работа.

19.3% од лицата кои кога било употребиле интернет, нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци, а мнозинството (55%) од нив купиле облека или спортска опрема.

Речиси половината (49%) од корисниците на интернет во последните 12 месеци немаат дадено лични информации на интернет, додека најдавани лични информации онлајн се податоците за контакт (37%) и личните податоци како име, дата на раѓање, број на лична карта (33%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП