17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд јануари повеќе работници во индустријата

Од јануари повеќе работници во индустријата

rabotnici00

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2016 година, во однос на јануари – септември 2015 година, бележи раст од 0,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, изнесува 99.1

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи пораст од 2.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, бележи опаѓање кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.2%, додека пораст бележи кај Енергија за 2.4%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7%, Капитални производи за 7.0% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.9%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2016 година, во однос на периодот јануари – септември 2015 година, изнесува 100.5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП