26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрета дебата во рамки на работата на експертската група за економски и...

Трета дебата во рамки на работата на експертската група за економски и социјални политки

fes-444

Во 2015-та година започна со работа експертската група за економски политики во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје, чија задача беше да даде предлози и препораки за реформи на даночниот систем во Македонија, а по успешната работа на групата за економски политики и објава на документот Реформи за праведно оданочување, годинава експертската група го прошири својот состав, вклучувајќи и експерти кои ги третираат социјалните теми и политики.

Во 2016-та година во рамки на работата на експертската група за економски и социјални политики планирано е да се понудат 10 решенија кои ќе дадат одговор на одредени економски и социјални проблеми во Македонија. Четири документи се досега презентирани и објавени на http://fes.org.mk/mk/publikacii/specijalni-izvestai.

Во вторник на Скопски саем ќе бидат презентирани документите кои третираат теми од областа на економијата, со наслов „Индустриска политика на Република Македонија”во авторство на Ванчо Узунов и Владимир Филиповски и “Системски мерки за поддршка на малите и средни претпријатија во Република Македонија” во авторство на Вељанд Рамадани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП