ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен прометот во трговијата на мало

Зголемен прометот во трговијата на мало

trgovija-25156

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември 2016 година, во однос на септември лани бележи номинално зголемување за 13.3 проценти, а реално за 13.8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е  забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.3%, а реално за 13.8%),
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17.6%, а реално за 17.6%) и Трговија  на мало, освен трговија со горива (номинално за 15.6%, а реално за 15.5%).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП