19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсчистени 53 км од одводните канали во Општина Илинден

Исчистени 53 км од одводните канали во Општина Илинден

%d0%b8%d1%81%d1%87%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8

Како дел од Проектот за чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали во Општина Илинден, од почетокот на годината досега исчистени се 53 километри од каналската мрежа, што е за 7 километри повеќе од планираните 46 километри за 2016 година.

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа, Општина Илинен во координација со АД Водостопанство на РМ, „Скопско поле“ и ЈКП „Илинден“ континуирано врши машински и рачно чистење на отворените одводни канали што се наоѓаат на нејзина територија во должина од 120 километри.

Во рамките на реализацијата на Акциониот план за чистење на каналската мрежа за 2016 година деновиве е извршено рачно читење на сисавците на главниот канал, во локалната економска зона Марино-Кадино во должина од 700 метри, а во тек е рачно чистење на секундарен канал Азмак во населено место Кадино и Мралино, во должина од 2.000 метри.

Чистењето, нивелирањето и одржувањето на отворените одводни канали за зафаќање и одведување на атмосферските води е од големо значење за Општина Илинден. Поради рамничарскиот терен на кој што се наоѓа Општината, доаѓа до постојано покачување на нивото на подземните води, па затоа со редовното одржување на главните, секундарните и терцијалните одводни канали се овозможува непречен проток на атмосферските води, се спречува настанувањето на поплави и се влијае во поодбрувањето на животната средина, која е еден од условите за квалитетен живот на населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП