16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Велес го презентира идејното решение за новиот градски пазар

Општина Велес го презентира идејното решение за новиот градски пазар

%d1%87%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%b5%d0%b2

Градоначачникот на Општина Велес, Славчо Чадиев, денес го презентираше идејното решение за проектот „Покриен градски пазар“.

Проектот е изработен од фирмата „Гео Балкан“ од Битола. Планот предвидува објектот да биде покриен, но од страните отворен затоа што испитувањата покажале дека тоа е идеалната комбинација за ваквиот тип на објекти.

Идејното решение набрзо ќе се доработи во финален проект. Првата идеа, тој да се гради со јавно-приватно партнерство пропадна, затоа што на двата јавни повика, ниту една фирма не пројавила интерес, поради што Општина Велес одлучила проектот да го реализира со сопствени средства.

Според градоначалникот Чадиев, изградбата на покриен градски пазар е голем и скап проект. За негова реализација првично ќе се издвојат 300.000 евра од буџетот.

„Работата ќе се изведува подолго време, можеби и цела година. Прво ќе се работи на долниот дел на пазарот. За тоа време горниот дел ќе функционира, а тезгите од локацијата каде се работи ќе се дислоцираат на пакрингот во непосредна близина. Ние очекуваме дека во декември ќе се изврши ревизијата на проектот и веднаш ќе распишеме тендер за негов почеток. Реализацијата на проектот ќе значи бенефит за купувачите и за продавачите на пазарот. Ова воедно ќе биде и последниот 10-ти голем проект кој претходно го ветивме во нашата изборна програма„рече градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.

Покриениот градски пазар ќе се наоѓа на истата локација како и постоечкиот, а покрај тезгите за продажба, во него ќе се изградат 16 дуќани, трговска и улица за достава на производи и санитарни јазли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП