28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗеман: За пет години Чешка може да стане дел од еврозоната

Земан: За пет години Чешка може да стане дел од еврозоната

Milos-Zeman

Чешкиот претседател Милош Земан оцени дека Чешка за пет години би можела да го прифати еврото како национална валута и да стане членка на еврозоната, јави дописникот на МИА од Прага.

Пренесувајќи ја изјавата на Земан, германскиот весник „Пасауер Ное Пресе“, коментира дека ова е значителен пресврт, со оглед на фактот што неговиот претходник, евроскептикот Вацлав Клаус имаше негативен став кон воведувањето на еврото во Чешка.

Во интервју за весникот, Земан се осврна и на иднината на Европската унија нагласувајќи дека не се согласува со прием на Турција во членство. Од друга страна, за него не е нереално Русија да биде дел од Унијата, но дури за 20 години.

Во врска со приоритетите на надворешната политика на ЕУ, претседателот на Чешка смета дека приоритет е борбата против тероризмот „вклучувајќи го и исламскиот тероризам“, притоа јасно изразувајќи воља за поголемо учество од  чешка страна.

– Во претседателската кампања не користев антигермански стереотипи. Секој кој мисли дека сегашната Германија е нацистичка, тој ја навредува земјата, додава Земан.

Тој сепак ја поддржува неговата претходна изјава дека Судетските Германци биле петта колона на Адолф Хитлер. Овој факт, според него, „историчарите генерално го прифатиле“ по Втората светска војна .

Земан не гледа причина зошто вреднувањето на минатото би влијаело на актуелните и идните односи на Чешка со Германија

Чешкиот претседател Земан го поздравува создавањето на Еврорегион, кој треба да ги спречи тензиите со корените во минатото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП