21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонечно: ЕУ и Канaда ставија потпис на CETA

Конечно: ЕУ и Канaда ставија потпис на CETA

3271

ЕУ и Канда го потпишаа Договорот за слободна трговија – CETA.

CETA е договор наменет со цел да се зајакне економскиот раст и да се отворат нови работни места, јавува агенцијата Ројтерс.

Договорот е потпишан по цела недела неизвесност поради противењето кое против договорот го искажуваа властите на белгиската покраина Валонија. Канадскиот премиер Џастин Трудо го потпиша договорот заедно со шефовите на институциите на ЕУ, Жан Клод Јункер и Доналд Туск.

Агенцијата наведува дека CETA би требало да стапи на сила на почетокот на 2017 година и дека со овој договор ќе бидат укинати сите увозни давачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП