7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНесигурни во иднината на Британија, рејтингот негативен

Несигурни во иднината на Британија, рејтингот негативен

20249510395814a7c917507652362450_w640

Агенцијата за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ соопшти дека ќе ги задржи негативните изгледи за британскиот кредитен рејтинг со двојно „А“

Како што наведуваат, ваквиот рејтинг е задржан поради несигурноста во иднината на таа земја надвор од ЕУ.

„Според нашето мислење, излезот на Велика Британија од ЕУ претставува значаен ризик за британската економија и посебно за нејзиниот огромен финансиски сектор“, се наведува во соопштението на агенцијата.

Резултатот од референдумот одржан на 23 јуни во Велика Британија, исто така, доведува до слаба економска и стабилна политичка рамка во таа земја.

„S&P“ го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија на 27-ми јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП