6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на симфонискиот оркестар на ФМУ во МОБ

Концерт на симфонискиот оркестар на ФМУ во МОБ

kon-mud

Концерт на Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје,  ќе се одржи во понеделник, во Македонската опера и балет со почеток во 20 часот.

Концерт на Симфонискиот оркестар ќе биде со солисти од повеќе инструментални класи на Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Во рамки на активностите за одбележување на 50 годишнината од основањето на факултетот за музичка уметност во Скопје, понеделник, во салонот на МОБ, концерт ќе одржи симфонискиот оркестар на ФМУ – Скопје. Диригент е проф. Сашо Татарчевски а како солисти ќе се претстават Ана Велиновска (класа на проф. Рита Поповиќ), Динко Стипаничев (класа на проф. Велко Тодевски), Ѓорги Петрушевски (класа на проф. Гордана Јосифова Неделковска), Никола Трајковски (класа на проф. Александар Гошев), Љубица Делева (класа на проф. Олег Кондратенко), Тања Станојовска (класа на проф. Сашо Татарчевски), Лида Алиу и Ѓорѓина Поповска (класа на проф. Љубиша Кировски) и Билјана Камчева (класа на проф. Страшо Темков).

Публиката ќе има можност да чуе дела од Бах, Кусевитски, Хумел, Сен-Санс, Равел, Менделсон, Бизе/Хубај, Пјацола и Хачатурјан.

Концертот ќе започне во 20 часот. Влезот е слободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП