28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската комисија на Гаспром му одобри поголема испорака на гас

Европската комисија на Гаспром му одобри поголема испорака на гас

Production Facilities At OAO Gazprom Neft's Refinery

Европската комисија (ЕК) и одобрила на руската компанија Гаспром да ја зголеми испораката на гас со ЕУ за десет милијарди кубни метри годишно преку гасоводот Опал, пренесуваат светските агенции.

Преку Опал овој енергенс од гасоводот Северен тек во Германија би и се испорачувал на Чешка, што веднаш наиде на остри критики од страна на Полска и Украина. ЕК тоа го образложила и со одредбата за зголемување на капацитетите на Опал, што ќе им овозможи и на другите заинтересирани компании да се вклучат во испораката на гас преку гасоводот со вкупен капацитет од 36 милијарди кубни метри годишно, јасно потенцирајќи деак се работи за чисто комерцијална одлука која нема врска со политиката.

Медиумите оценуваат дека таквата одлука задира во „политичкиот чвор“ на односите меѓу ЕУ и Русија и го покренува прашањето за најавите на Гаспром дека до крајот на 2019-та година ќе сопре со испораката на гасот до Европа преку Украина, додека Русија и Турција повторно изразиле решителност да го градат моќниот гасовод Турски тек, како можна алтернатива за испораките преку Украина.

Исто така се укажува на острите замерки кои некои членки на ЕУ ги упатиле поради начелно одобрениот договор за западноевропските компании и Гаспром околу изградбата на втората траса на гасоводот Северен тек под Балтичкото море до Германија, додека ЕК сопре со изградбата на гасоводот Јужен тек преку Црно море и Бугарија.

ЕК сега прегова со Гаспром за „пријателска спогодба“, што беше понудено од руската компанија за истрагата која Брисел ја покрена против руските компании околу сомнежите за монополитички потези на пазарот на гас во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП